Уличен дефект остави без вода уште една скопска улица

Од скопски Водовод известуваат дека поради уличен дефект Ф-80мм на ул.Љубо Петровиќ 31, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Љубо Петровиќ и дел од Марко Крале.

Водоснабдувањето е прекинато од 09:50 часот, како што соопштија надлежните, прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.