Улицата „Втора Македонска Бригада“ се разубавува со нови зимзелени садници

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, Скопје, утрово се на терен на улицата „Втора Македонска Бригада“.

Улицата е збогатена со нови зимзелени садници. Од претпријатието велат дека активностите се дел од есенската акција на садење низ зелените површини во градот.