Улицата Свети Кирил и Методиј со нова велосипедска патека со ширина од 1,5 метар

Улицата Свети Кирил и Методиј во центарот на Скопје довива нова велосипедска патека на коловозот со ширина од 1,5 метар. Со поставување на заштитни рефлектирачки столпчиња на коловозот, физички се издвојува новата вело патека и се стеснува просторот за автомобилите, односно постојните три коловозни ленти се стеснуваат од 3,5 на 3 метри.

Со отстранувањето на рекламните објекти и одвојувањето на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај, создаваме #ПросторАнтиКорона и поттикнуваме користење на алтернативен сообраќај во градот.