Улица во Кисела Вода затворена за сообраќај идните шест месеци - ЈСП ги промени линиите во овој дел

Од денеска општина Кисела Вода започнува реконструкција на улицата „Киро Фетак“, на делот кај мостот по вкрстувањето со „Герника 10“. Поради градежните активности, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај во двата правци во наредните шест месеци.

Поради тоа од ЈСП со известување до корисниците на јавниот превоз во главниот град. 

„Во зависност од текот на работите, автобусите на линиите 31 и 163 ќе сообраќаат по изменети траси. Тие ќе бидат пренасочени преку булеварите „Србија“ и „12-та Македонска Бригада“, како и по улицата „Горно Лисиче“, во двата правци.“

Од надлежните апелираат до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да користат алтернативни правци.