Улица „Козара“ е вистински пример за неспособноста на Герасимовски, велат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.
- Неспособните кадри на СДС потрошија илјадници евра , за да мораат и по трет пат во неколку години да го корнат асфалтот на Козара, а жителите да се гушат во прашина и во грдата глетка на раскопаната улица која никако да се направи. Нејасно е како градоначалникот се уште не си дал оставка, кога не е спосбен правилно да асфалтира ни стотина метри пат, порачаа оттаму.
- Центарци заслужуваат одговор дали Герасимовски е крајно неспособен, па ќе ја асфалтира Козара и по четврт пат или лукративни зделки и криминален менаџмент на парите на општината се причина што една иста улица е потребно да се асфалтира годишно? - прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.