Украина има подобра енергетска мрежа од Македонија иако Русија ја сотре од бомбардирање

Украина земја во војна каде енергетскиот сектор е постојан бомбардиран од страна на Русија, минатата година имала подобра состојба отколку Македонија, ова го кажа директорот на секретаријатот на Европската енергетска заедница Артур Лорковски во собранието на Македонија. Тој додаде дека подобри од нас во енергетиката биле Србија и Црна Гора. Според него има подобрување но во енергетиката треба уште многу да се работи и притоа го искритикува производството на струја од јаглен, но и ги пофали направените законски измени во енергетиката.

„Во просек сте во однос на имплементацијата на законодавството на Енергетската заедница или кога станува збор за успешноста, вие сте на 53 проценти, горе-долу во средина на скалата за мерење. Цената на електричната енергија, цената на производството, на тоа ќе треба да се додаде цената на ЦО2, цената за јаглерод диоксид, која денеска е околу 80 евра. Со ова нема да ви биде исплатливо да извезувате струја во Европската унија (струја произведена од јаглен)“ Лорковски.

Регионалната соработка според Лорковски е од круцијално значење и го посочи проблемот во кој се најдоа дел од земјите од соседството каде поради испади со часови немаа електрична енергија.

Од Европската Енергетска заедница ја пофалија работата на регулаторната комисија и првиот човек Бислимовски Критиките и пофалбите ги слушнаа и поранешниот премиер, а сегашен пратеник Димитар Ковачевски и неговите сопартијци, но не излегоа на говорница да ги продискутираат.