Украдени четири акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на аеродромот

На 03.08.2020 во 16.20 часот во СВР Скопје, З.Е. пријавил дека во с.Катланово, скопско, на место викано „Фазанерија“,  непознато лице насилно ја отворило вратата од објект на М-НАВ и одзело четири акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на аеродромот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.