Украдени автомобилски делови и гуми од гаражи на Град Скопје

Вчера било пријавено во полиција дека биле одземани автомобилски делови и гуми од гаражи кои се сопственост на Град Скопје.

- На 01.03.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Центар, вработен во град Скопје пријавил на записник дека од гаражи сопственост на град Скопје на подрачјето на Центар со употреба на сила и тврд предмет било влезено и биле одземени автомобилски делови и гуми, информира МВР.

 Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.