Укината пресудата на Даравелски поради застареност

Судскиот совет при Кривичен суд му ја укина пресудата на поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски.

Судиите сметаат дека не може да му се суди повторно бидејќи постои апсолутна застареност на делото „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Тоа значи дека Даравелски нема да заврши зад решетки, иако претходно му беше изречена седумгодишна затворска казна.

Даравелски беше 20 години во бегство надвор од Македонија, а неодамна беше уапсен на граничниот премин „Табановце“.