Укината делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од 12 септември годинава, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја издаде согласноста за укинување на делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште, која стапи на сила од 24 јуни годинава, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.

-За спроведување на горенаведената согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие,Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.