
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека денес на полноќ истекува законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночните обврски за овој даночен период.
„Заклучно со вчерашниот ден, успешно се поднесени 78% од очекуваните ДДВ-04 пријави. Апелираме до сите даночни обврзници кои сè уште не ја исполниле оваа обврска, веднаш да ги достават потребните документи до сметководителите и да ја поднесат својата ДДВ-04 пријава во текот на денот“, посочија од УЈП, притоа додавајќи дека со тоа ќе придонесат за избегнување на системски преоптоварувања во последните часови пред истекот на рокот.
Меѓу другото, од Управата за јавни приходи нагласија дека навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќањето на обврските е најсигурниот начин за целосна усогласеност со даночните прописи.
Доколку на даночните обврзници им е потребна поддршка, можат Управата да ја контактираат на: