
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа која ги опфаќа долговите доспеани до 28.02.2026 година и неплатени до 31.05.2026 година.
Вкупниот број на должници објавени на оваа листа изнесува 5.058, додека вкупниот нето-долг за даноци и придонеси е 12.723 милиони денари.
Од претходната листа бр. 05/2026 се повторуваат 4.922 должници, од кои:
На Листата бр. 06/2026 се објавени нови 136 должници, со вкупен долг од 752 милиони денари. За нив, од УЈП посочија дека при следна објава ќе дадат информации за преземени мерки за наплата.
96 должници од Листата бр. 05/2026, со вкупен долг од 105 милиони денари не се наоѓаат на Листата бр. 06/2026.
На Листата бр. 06/2026 се објавени информации за преземени мерки за наплата кај 524 даночни должници.
„Ова не се смета за даночна тајна според Законот за даночна постапка и додава дополнителна транспарентност на Листата“, додаваат од УЈП.
Линк до листата на должници: https://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/782