УХРМ со најнова прогноза: Може ли да се планираат ручек на отворено и прошетки?

Управата за хидрометеолошки работи со најнова прогноза на времето за остатокот од празничниот продолжен викенд. 

Според нивните информации, утре ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава.

Во понеделник ќе преовладува стабилно време.

Од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 километри на час.