УХРМ со детална прогноза: Утре облачно и ветровито, следната работна недела обилни врнежи

Утре времето ќе биде променливо облачно, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. 

Од Управата за хидрометеолошки работи информираат дека под влијание на циклонска активност, од вторник до крајот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во вторник врнежите ќе бидат побилни во западните делови. Во среда наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²).

Ќе дува умерен до засилен ветер претпладне од северозападен, а попладне од североисточен правец. Во четврток врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а во петок ќе бидат со послаб интензитет, се наведува во метео-прогнозата.