УХМР: Врнежите во текот на ноќта ќе преминуваат во снег

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во текот на денешниот ден почнувајќи од северните делови врнежите на повисоките места ќе преминуваат во снег, информираат од УХМР.

Во ноќните часови врнежи од снег се очекуваат и во некои пониски места, вклучувајќи и делови од Скопската Котлина. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, се вели во актуелното предупредување кое го издаден денес управата. 

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од -3 до 4 степени.