
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) сподели метео аларм за за во текот на денешниот и утрешниот ден.
Како што информираат, денес во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог.
На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 сантиметри.
