Угостителите од Водно на протест

Угостителите од Водно излегоа на протест против одлуката за забрана за движење со автомобили на Водно. Бараат истата да се укине бидејќи како што велат тие се на работ на егзистенцијата.

Изминатиов период поради ваквата одлука дел од угостителските објекти се затвориле.

Реагирале до сите надлежни институции и градот Скопје, а се обратиле  и  до народниот правобранител -  велат дека со ова се кршат човековите права и слободи и бараат испитување на крешење на човековите права и слободи.

Угостителите кои повеќе од 3 децении работат на Средно Водно се пожалија дека ги загубиле гостите и приморани се да затворат доколку не се укине оваа забрана. Последните три месеци не се закажуваат ниту венчавки и кршевски во Црквата Рождество на Пресвета Богородица.

Град Скопје на 25 ноември годинава воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно секој викенд и за време на државните празници од 9 до 16 часот. Забраната важи од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Скопјани на Водно во сабота и недела можат да одат пеш или бесплатно да се возат со автобусите на ЈСП со број 25А и 25Б.