Училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ одбележа 54 години успешна работа

Општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар одбележа пет и пол децении успешна работа. 

- Основното образование е темел на натамошното школување и интелектуален развој кај секое дете. Прифаќањето и почитувањето на потребите, можностите и интересите на детето и денес се основни цели и принципи во образовниот процес за кои се залагал и самиот патрон Јохан Хајнрих Песталоци уште во 19 век, велат од општина Центар. 

- Овој јубилеј има особено значење и за мене бидејќи пред точно 35 години зачекорив во овие ходници како ученик во прво одделение. Овде се образував и тука почнаа првите пријателства за цел живот. Нашето „Песталоци“ не претставува само синоним за успешно училиште. „Песталоци“ е училиштен бренд! Во изминативе пет децении тука се школувале истакнати уметници, спортисти, политичари и други влијателни личности од општествениот, политичкиот и културниот живот. Нека ви е честит патрониот празник и ви посакувам и понатаму успешно да ја реализирате вашата визија и мисија, истакна Герасимовски во своето обраќање.

Патрониот празник по повод одбележување на 54-годишнината од работењето на училиштето беше одбележан со музички настап на мандолинскиот оркестар на училиштето и со премиерна изведба на драмската претстава „Нешто чудно се случува“, која што обработува тема за врснично насилство.