Ужас во Словенија откако во раните утрински часови во областа Брник во близина на Љубљана се случило убиство.
Убиството се случило во близина на аеродромот „Јоже Пучник“, а тело на убиена жена било пронајдено на паркинг. Според неофицијалните информации убиената жена и убиецот биле сопружници и биле ирански државјани.
По убиецот се трага, и се претпоставува дека ја напуштил државата.