Убиство на човек и одредени изживувања врз животни имаат нешто заедничко

Продолжуваат бурните реакции во јавноста за убивањето на уличните кучиња кое се случи во Струга.

Една од реакциите пренесува и здружението за заштита на животните „Анима Мунди“.

- Убиство на човек и одредени иживувања и масакрирања врз животни имаат нешто заедничко. Тоа е истрелот, звукот кој стресува и нè потсетува дека дошол човекот со пушката кој решил да носи смрт. Има и уште една сличност. А тоа дека убијците на животни, особено животните отуѓени од природата, се потенцијални човекоубијци, само што немаат му*а да се нафрлат врз човек затоа што знаат каква казна следува. Инаку, ладно би нè скинале сите, и кучиња и мачиња и човечиња, пишува еден корисник на Фејсбук.