Убиство доцна синоќа во Топанско поле

Едно лице е  убиено, а едно е повредено во престрелка што синоќа се случи во Топанско поле во Скопје.

Според информациите на Канал 5 двете лица се на возраст од 35 години. 

Од градската болница Свети Наум Охридски велат дека во здравствената установа починатиот бил донесен без знаци на живот, а повредениот е во стабилна состојба.

Од МВР се уште нема информација што точно се случило и кои биле мотвите за пукањето. Со повеќе информации во текот на денот.