Убиени два штрка во Орешани, фрлени блиску до нивното гнездо

Во селото Орешани, Зелениково, убиени се два штрка, а нивните тела почиваат во близина на гнездото кое го граделе.

Штрковите се препознатлив знак за ова село, а нивните гнезда можат најубаво да ги видат оние кои патуваат со воз од Скопје кон Велес, Битола или Гевгелија. 

Сепак, на некого му пречеле овие прекрасни птици, кои не прават врева бидејќи се неми, не уништуваат ниту земјоделски насади бидејќи се хранат со жаби и риби, ниту пак други работи кои би можеле да го вознемират населението. 

Жителите од Орешани се згрозени од ова дело, бидејќи телата на штрковите се оставени во близина на нивното гнездо.