Убави вести од Клинички: За прв пат извршена трансплантација на црн дроб во Македонија

Докторите од Клиниката за Дигестивна хирургија, КАРИЛ и Гастроентерохепатологија денес ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија. Веста на своите фејсбук профили ја соопштија поранешниот Министер за здравство, Венко Филипче и докторот Ненад Лазаров. 

- Честитки до колегите од Клиниката за Дигестивна хирургија, КАРИЛ и Гастроентерохепатологија за историската прва трансплантација на црн дроб од починат донор. Со овој нов дострел на македонското здравство во транплантациит, се потврдува стручноста и посветеноста на македонските лекари, напиша Филипче на својот фејсбук профил. 

Тој додаде дека се радува на секој нов успех, секоја трансплантација значи спасување на живот или полесно секојдневие на пациентите.

Доктор Ненад Лазаров, пак ги објави имињата на сите доктори кои учествувале во трансплантацијата.

- Професор д-р Караџов, Проф. Д-р Светозар Антовиќ, д-р Кемал Рушити, д-р Љубомир Огненовиќ се денешните хирурзи херои што ја направија првата трансплантација на црн дроб од донор, Анестезија водела д-р Тања Спировска со тимот. Д-р Мојсова е координатор на трансплантација, напиша Лазаров на својот фејсбук профил.