Убави мисли за жените: Жената е единственото нешто од кое се плашам, а за кое знам дека нема да ме повреди

Многу уметници се согласуваат дека не постои поголема инспирација од жената. Таа е непресушен извор за инспирација за многу мислители, научници, писатели и сликари.

Ова се некои од најубавит мисли за жените.

Јас го сметам денот за изгубен ако барем една жена не ми се насмевне. – Казанова

Жените не се создадени да бидат разбрани, туку да бидат сакани. – Дороти Паркер

Големо прашање на кое никој досега не одговорил, а не сум ни самиот способен да одговорам и покрај моето триесетгодишно истражување за жените. Тоа гласи: што сака жената?  - Сигмунд Фројд

Жената е единственото нешто од кое се плашам а за кое знам дека нема да ме повреди. – Абрахам Линколн

Ако еден маж зборува лошо за жените, веројатно бил повреден од една жена, онаа која највеќе ја сакал – Коко Шанел

Жената е слаба само кога сака. – Јован Дучиќ

Заљубената жена не може да биде разумна. Ако е разумна, веројатно не е заљубена.

За да биде незаменлива, жената секогаш мора да биде поинаква. – Коко Шанел