Убав феномен - на 7 април настапува розовата супермесечина

 

Во вторник (7 април) на небото ќе светне розовата супермесечина, најголемата и најсветлата месечина во годината. 

Иако таа носи име розова, сепак она што ќе го видиме на небото е полна месечина со златни нијанси. Името розова, доаѓа од цветањето на цветови со оваа боја во текот на пролетта.

Супермесечината е всушност полна месечина која се појавува во миговите кога Месечината е најблиску до земјата, а притоа таа изгледа посветла и поголема од вообичаената полна месечина. 

Што велат астролозите за ваквата супермесечина?

Аспектот на Марс во квадрат со Уран кој делува на полната месечина би можел да донесе бунтовно и агресивно однесување кај луѓето. Јупитер во конјукција со Плутон ги зголемува ризиците, но позитивниот аспект на Меркур дава разбирање и здрав разум. Во овој период, формулата за среќа лежи во мудро промислените одлуки и подготвеноста за соработка со пријателите и соседите.

Овен

За Овните, оваа полна Месечина се случува во седмото поле на партнерски односи. Ќе треба да внесете баланс на ова поле, а потрудете се да не носите брзи одлуки.

Бик

За Биковите, супермесечината е во шестата куќа на работа, секојдневие и здравје. Тука настанува промена кај финансиите, а некои Бикови би можеле преку работа да ја запознаат својата сродна душа.

Близнаци

Оваа месечина за Близнаците настапува во петтото поле на љубов, деца, забава и спорт па можно е да постигнете хармонија на ова поле.

Рак

За Раковите, полната месечина доаѓа во четвртата куќа на домот и семејството, каде е можно да дојде до тензии и конфликти. Не донесувајте брзи емотивни одлуки.

Лав

За Лавовите, полната месечина настапува во третата куќа која е симбол на комуникациите, браќата, сестрите, роднините и сообраќајот. На овие полиња можете да склопувате некои договори, не потпшувајте ништо важно и не носете заклучоци базирани на емоции кои се нереални.

Девица

За Девиците, оваа полна Месечина се случува во полето врзано за имотот, земјата и парите. Многу личности можат да трошат непланирано. Можна е добивка од заостанати исплати.

Вага

Ваги, за вас супермесечината е директно врзана со менталниот склоп и физичкиот изглед па овој период ќе се трудите да постигнете хармонија со вашето тело. 

Шкорпија

Кај вас, оваа супермесечина доаѓа во полето кое е симбол на изолација, духовност, медитација, психа и тајни. Ќе треба да надминете некои пропусти.

Стрелец

За Стрелците, полната месечина настапува во единаесетото поле на надежи, желби, очекувања и пријатели, па таму ќе ја насочите вашата енергија. Некои Стрелци ќе се разочараат од одредени пријатели.

Јарец

За Јарците, полната месечина доаѓа во десетото поле на кариера, еден од родителите, шефовите и авторитетите. Многу Јарци ќе доживеат промени односно ќе се вратат на нешто старо, додека пак други ќе доживеат целосна трансформација.

Водолија

За Водолиите, таа доаѓа во деветото поле на студирање, знаење, филозофии и патувања. Многу личности ќе се соочат со промени во овие аспекти, а други ќе се изненадат и ќе добијат надеж за иднината. 

Риби

Драги Риби, полната месечина настапува во вашата осма куќа одговорна за трансформација, финансии, секс. Ќе успеете да ја најдете внатрешната моќ и да тргнете на нов пат.