Уапсено лицето што пукаше кон стан во Струга - еве што пронашла полицијата во неговиот дом

Лишено од слобода лицето што пукаше кон стан во Струга. При претресот кај него се пронајдени куршуми и дрога.

Како што информираат од МВР, вчера (30.10.2025) во 22:00 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишиле Г.М.(48) од истото село.

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја.

Тој се сомничи дека ноќта на 29/30.10.2025 со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е направена материјална штета, а повредени лица нема.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против Г.М. ќе поднесе соодветни кривични пријави, информираат од МВР.