Уапсено лице барано со потерница, треба да одлежи 20 години затвор

Полициски службеници вчера во 17:10 часот на улица „Џумајска“ во Скопје го уапсиле 45-годишниот Д.Б од Скопје кој бил баран со централна потерница.

„При преглед кај лицето, пронајдени се фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа“, велат од МВР.

Уапсеното лице било барано од страна на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела по чл.235 ст.1 (кражба) од КЗ.