
Уапсени тројца скопјани кои биле барани со потерници за издржување затворски казни.
Од МВР информираат дека во Скопје, на различни локации, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ч. (23), Ф.М.(68) и С.Г. (76), сите од Скопје, барани со потерници по наредби од Основен кривичен суд Скопје, за издржување на затворски казни.
Лицата ќе бидат спроведени во надлежните казнено-поправни установи.