Уапсени тројца радовишани поради марихуана: Едниот пред полицијата се бранел дека другарите му ја донеле дома

Вчера во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Х.А.(28) од Радовиш, Д.П.(22) од радовишкото село Злеово и Ј.П.(26) од радовишкото село Подареш.

Од МВР информираат дека при претрес во домот на Х.А, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, за која во службен разговор изјавил дека во неговиот дом претходно ја однеле Д.П. и Ј.П..

За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.