
Полицијата уапси три лица во три различни настани поради поседување на нож. Еден бил уапсен на територијата на Карпош, додека другите двајца биле уапсени на територија на Бит Пазар.
Вчера во 18.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 18-годишниот А.С. од с.Кондово, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
Истиот ден но речиси еден час подоцна во 19.00 часот во Скопје, исто така на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.В.(19) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
Денеска во 05.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.К.(23) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
МВР информира дека по целосно документирање на овие случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.