Уапсени пет возачи за едно деноноќие - Сообраќајците постојано на терен


Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи поради различни сообраќајни прекршоци.

Три лица биле уапсени за управување на возило под дејство на алкохол – по еден во Кавадарци, Кочани и Дебар. Еден возач во Кавадарци управувал автомобил и покрај активна забрана, а еден исто така во Кавадарци возел нерегистрирано возило без возачка дозвола.

По целосно документирање на случаите, против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и пропишаните забрани, да не управуваат возила без положен испит или под дејство на алкохол, со цел заеднички да се обезбеди побезбеден сообраќај.