Уапсени пет лица кои поседувале дрога

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.08.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

На 21.09.2024 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(23), Р.Ж.(45) и Е.А.(28) сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. 

На 22.09.2024 во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. 

По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.