Уапсени лица од Косово и Турција на два гранични премини во Македонија, возеле украдени возила

Полицијата вчера лиши од слобода лица од Косово и Турција на два гранични премини во Македонија, бидејќи возилата со кои управувале биле евидентирани во базата на Интерпол како украдени.

Како што информираат од МВР, вчера (28.08.2025) во 16:05 часот на Граничниот премин Блато полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато го привеле Г.П.(40) од Р. Косово кој сакал да влезе во државата со патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки. При извршените проверки било констатирано дека возилото е евидентирано во базата на Интерпол за украдени возила.

Ноќеска (29.08.2025) во 00:05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, бил приведен В.Е. (39) од Р.Турција, кој управувал патничко возило „пежо” со француски национални ознаки. По извршените проверки било констатирано дека возилото е евидентирано во базата на Интерпол за украдени возила.

Лицата се лишени од слобода, а возилата се одземени и по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.