
Синоќа во 23:00 часот и денес во 01:00 часот, полицијата од Тетово ги уапсила 56-годишниот Џ.Д. од с.Гајре, тетовско и 52-годишниот Л.Д. од Тетово откако биле пријавени од 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5“ и физички го нападнале, при што употребиле и метален предмет.
„Според пријавеното, откако успеал да им избега, Џ.Д. извадил пиштол и му се заканувал на малолетникот. Исто така, тие биле пријавени и од Б.Ш.(24) од Тетово дека против негова волја го внеле во истото возило, физички го нападнале и барале од него да им посочи две лица кои наводно земале пари од ќерката на Џ.Д.. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава“, стои во полицискиот билтен.