Уапсени две лица - нападнале 67-годишник и му одзеле 200.000 денари

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и М.С.(38)од Битола, поради постоење основано сомнение дека на 08.01.2023 околу 15.30 часот на ул.„Солунска“ во Битола извршиле кривично дело „разбојништво“.

- Имено, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец,  користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари, информира МВР.

СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на А.Ѓ. му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека М.С., осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна.