Уапсени двајца скопјани поради разбојништво со нож, полицијата ги фатила за 15 минути

Утринава во Скопје околу 02:45 часот полицијата уапси две лица Ј.Т. (19) и К.П. (19), двајцата од Скопје, поради сомнеж за извршено разбојништво.

Според МВР настанот се случил околу 02:30 часот, кога 22-годишен скопјанец пријавил дека бил нападнат од две лица во близина на Собранието во град Скопје. Осомничените, со закана со нож, му одзеле пари.

По пријавата, полицијата веднаш презела брзи мерки за лоцирање и апсење на извршителите. За кратко време, Ј.Т. и К.П. биле приведени, а одземеното било пронајдено и ќе му биде вратено на оштетениот. Пронајден е и предметот со кој е извршено делото.

По документирањето на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.