Уапсени двајца прилепчани, се сомничат дека во период од 3 дена краделе предмети од хала на приватна компанија

Вчера во два наврати во 04.40 часот и во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино уапсиле двајца прилепчани. Се работи за 33-годишниот Н.А. и 54-годишниот Б.Б. кои се сомничат дека извршиле кражби.

„Осомничеите во периодот од 11.01.2025 до 13.01.2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.