Уапсени двајца насилници кои истепале скопјанец

Полициски службеници вчера ги уапсиле В.П.(36) од с..Сопиште, скопско и Ј.П.(34) од Скопје поради тоа што нападнале едно лице.

-На 08.12.2022, по преземени мерки и распишан централен распис од Единицата за насилен криминал, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.П.(36) од с..Сопиште, скопско и Ј.П.(34) од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.12.2022 на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје со уште едно лице физички го нападнале А.А. од Скопје и му нанеле тешка телесна повреда, информираат од МВР.

Лицата биле приведени, по што во службен разговор го признале делото.