Уапсени двајца криумчари од Скопје во чие возило е пронајден мигрант од Турција

Приведени двајца криумчари во чие возило е пронајден мигрант од Турција.

Како што информираат од МВР, вчера (06.10.2025) во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.

При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.

Возилото било одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.