Ноќеска во 03 часот во Скопје, на територија на Карпош, од страна на полициски службеници од ПС Карпош биле лишени од слобода М.Т. (31) од Скопје и Б.Н. (27) од Скопје поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“.
Веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека две лица извршиле тешка кражба од патничко возило на територија на Карпош, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а кај нив се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, информираа од МВР.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.