Уапсени двајца косовски криумчари на мигранти - фатени како превезуваат Пакистанци

Синоќа околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода С.Б.(61) и Х.С.(53), двајцата од Косово.

Од МВР информираат дека при контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, кое го управувал С.Б., а сопатник бил Х.С., биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан.

Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите и возилото се сместени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија.