Уапсени двајца 19-годишници кај Женската плажа во Струга - полицијата им пронашла пиштол

Ноќеска во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро, кај Женска плажа во Струга, полициски службеници од мобилниот тим од Регионалниот центар за гранични работи Запад - „Task Force” ги лишиле од слобода Е.К.(19) и К.С.(19), двајцата од струшкото село Делогожди.

Од МВР информираат дека при извршен преглед кај нив, односно кај Е.К. бил пронајден пиштол.

Лицата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.