Уапсени 11 лица кои биле дел од неовластен комар

Вчера во периодот од 21.30 до 22.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија акциска контрола во објект на ул.„Караорман“ во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар.

При контролата во објектот биле затекнати О.М., Е.Ш., Р.О., В.Р., М.Д., Н.А., Ѓ.А., Е.Р., И.Е., Р.А. и Б.М., сите од Битола. Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени, информираа од МВР. 

Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик.