Вчера во 14.20 на „Меѓународен аеродром Скопје“, при излез од државата полицијата ја уапсиле 32-годишната С.Д. од Турција.
Имено при контрола на нејзиниот билет било откриено дека тој е фалсификуван, а фалсификувана била и нејзината белгиска патна исправа соопштуваат од МВР.
Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.