Уапсена жена, го удирала своето тримесечно бебе во асфалт

Жена го малтретирала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе. Случајот бил пријавен во полиција од страна на минувачи, а уапсени се две лица. 

- На 14.06.2026 во 17:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а во 18:30 часот во село Сараќино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода Б.С.(37) од истото село. Претходно, во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот В.М. била забележана како физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе, информираа од тетовската полиција. 

Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот.

За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.