Уапсен жител на Сарај осуден за убиство

Полицијата уапси скопјанец осуден за убиство. 

На 20.06.2022 во 16.45 часот во с.Семениште, општина Сарај, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(67) од с.Семениште.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело убиство по член 123 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.