Уапсен скопјанец поради обид за убиство во Карпош

Полициски службеници вчера го уапсиле 28-годишниот К.Г. поради обид за убиство.

- На 06.02.2023 во 09.10 часот на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Г.(28) од Скопје. За него била распишана централна потерница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, извршено на 21.08.2022 на подрачјето на Карпош, каде со огнено оружје му нанел повреда на Б.Ѓ.(44) од Скопје, информира МВР.

Од страна на Судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена и бил предаден на надлежната казнено - поправна установа.