Уапсен скопјанец: Не носел документи и агресивно се однесувал кон полицајци во полициски час

Ј.К.(48) од с.Волково, скопско, вчера бил уапсен во скопско Ново Село во 18:40 часот.

-Мажот е уапсен тоа што немал со себе документ за идентификација ни дозвола за движење, а исто така, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои вршеле службени дејства, информираат од МВР.

По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.