
Лишено од слобода лице барано со потерница за издржување на затворска казна.
Како што информираа од МВР, вчера (18.12.2025) во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишиле од слобода Е.Т. (26) од Скопје во врска со сторено кривично дело "Тешка кражба" за издржување на казна затвор во времетраење од три години.
По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа, додаваат од МВР.