Уапсен скопјанец кој со остар предмет се заканувал на сопругата и децата

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(54) од Скопје.

Од МВР информираат дека 54-годишниот скопјанец бил уапсен по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговата 48-годишна сопруга и нивните деца.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.